ЕКСПЕРТКА ЗАД ФОТОАПАРАТОТ Кејт Мидлтон воодушеви со новата фотографија од принцезата Шарлот (ФОТО)

1,201

Војвотката и војводата од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, објавија фотографија на нивниот официјален профил на Инстаграм од нивната шестгодишна ќерка Шарлот, која во рацете држи пеперутка.

„Сакавме да ги споделиме со вас овие прекрасни пеперутки паун и црвен адмирал како дел од иницијативата Big #ButterflyCount што се одржува низ Велика Британија. Организацијата „Зачувај ги пеперутките“ нѐ охрабрува сите нас да ги изброиме овие неверојатни суштества, бидејќи не само што се убави, туку се и исклучително важни. Пеперутките се витални делови на екосистемот како опрашувачи и компоненти на синџирот на исхрана“, порачале тие под фотографиите направени од Кејт, на која фотографијата ѝ е едно од омилените хобија.






„Светот во кревките раце“, „Таа е толку слатка“, „Ова е прекрасно и носи толку многу позитивни вибрации“, „Имаме прекрасна принцеза Шарлот. Ви благодариме Кејт и Вилијам што ни ја дадовте оваа прекрасна англиска роза“, им порачале воодушевените следбеници.

Кејт и принцот Вилијам имаат три деца – осумгодишниот принц Џорџ, шестгодишната Шарлот и четиригодишниот принц Луис кои станаа првиот машки член на кралското семејство кој не ја прескокнува својата сестра во наследната низа само затоа што е момче.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини