ТРУДНИЦА ОД КУМАНОВО Е НАЈМЛАДАТА ДЕНЕШНА ЖРТВА Бебето во инкубатор, откако мајката предвреме била породена

По породувањето Кумановката е прфрлена на инфективната клиника во Скопје и на машина била приклучена 48 часови. Починала ноќеска. По професија била логопед, но не била вакцинирана.

1,375

Почина 29 годишна трудница од Куманово која била ковид позитивна. Пред да и се влоши состојбата бебето е извадено на Клиниката за гинекологија и акушерство со царски рез и е во инкубатор, објави Телма.

Како што дознава телевизијата, жената била без коморбидитети во седми месец од бременоста. Пет денови се лекувала во кумановската болница и три на ГАК. Но резултатите од хемостазата биле лоши, се интервенирало со лекови за корекција на крвта, но и паѓала и сатурацијата па е породена со царски рез.






По породувањето Кумановката е прфрлена на инфективната клиника во Скопје и на машина била приклучена 48 часови. Починала ноќеска. По професија била логопед, но не била вакцинирана.

Поврзани содржини