Шест цистерни од Скопје тргнаа да гаснат во Кочани

255

ЈП „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ на барање и во координација со Град Скопје едногласно пристапија кон одлука да се испрати помош за гаснење на пожарот кој денес го зафати Кочани, информираат јавните претпријатија. 

„Во моментот кон Кочани тргунуваат 6 цистерни на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, со цел да се помогне во гаснење на пожарот кој попладнево го зафати Кочани. Со заедничка едногласна одлука ја испраќаме оваа помош кон Кочани и кочанчани, со надеж за побрзо стопирање на огнената стихија. Солидарноста на нашиот град и нашите претпријатија секогаш ќе биде на располагање онаму каде што таа е потребна“,  посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“. 

 

Поврзани содржини