СДСМ објави уште 5 кандидати за градоначалници

Кандидат за прв човек на Берово е  Ѕвонко Пекевски, Борис Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков - Неготино, Даниел Крстевски - Ранковце.

1,243

Социјалдемократите вечерва објавија уште пет кандидати за градоначалници.

Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини, велат од СДСМ.






Кандидат за прв човек на Берово е  Ѕвонко Пекевски, Борис Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков – Неготино, Даниел Крстевски – Ранковце.

„Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати. СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори“, велат социјалдемократите.
Поврзани содржини