Двоглава змија јаде два глувци во исто време (ВИДЕО)
Змијата била крстена со две имиња – Бен и Џери, а ваквиот случај двоглави близнаци да преживеат биднува еднаш во 10.000 раѓања.
Змија со две глави проголтува два глувци, по еден во секоја уста, во инстаграм-видео на Брајан Баричик, познат љубител и трговец со рептили, пренесува IFL Science.
Змијата била наречена со две имиња – Бен и Џери, а ваквиот случај двоглави близнаци да преживеат биднува еднаш во 10.000 раѓања.
Погледнете самите:
View this post on Instagram
Можеби се прашувате: дали Бен и Џери имаат еден ист дигестивен тракт? Ќе се сретнат ли двата глувци на средина?
– Тие имаат заеднички стомак, а душникот им се прицврстува околу еден инч од главата – изјави Барчик за IFLScience.
Како и да е, појадокот на двоглавата калифорниска кралска змија не остави никого рамнодушен на социјалните мрежи. Барчик целиот свој живот собира змии и тргува со нив на својот сајт BHB Reptiles, но никогаш немало да дојде до Бен и Џери ако не му ги продал негов пријател. Оттогаш Бен и Џери живеат во „Рептариум“:
Многу малку од ваквите бицефали ги преживуваат своите први месеци од животот. Затоа Бен и Џери му се толку важни на Барчик. Двоглавоста настанала како последица на тоа што јајце-клетката на овие близнаци не се одвоила целосно, а истото тоа може да се случи кај кој било ‘рбетник.