Анџелина извојува мала победа: На судијата кој го води разводот Џоли-Пит му е наредено да се повлече
На судијата кој ја водел постапката на разводот на холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли му е наложено да се повлече откако актерката се пожалила дека е пристрасен.
Анџелина Џоли запиша мала победа на своја страна во бракоразводната парница со Бред Пит откако успеа да добие дисквалификување на претходниот судија на апелација.
Во пресудата на апелациониот суд во Калифорнија наведено е дека судијата Џон Аудеркирк требало да ги открие претходните деловни односи со адвокатите коишто го застапуваат Бред Пит во долготрајниот спор на двојката околу старателството над нивните пет деца, пренесе Ројтерс
Познатите актери се заглавени во правна битка за старателство над децата од 2016 година кога Анџелина Џоли поднесе барање за развод. Судијата Џон Аудеркирк во мај годинава донесе одлука за заедничко старателство над децата, како што побара Бред Пит.
Сепак, во петокот судот ја прифати жалбата на Џоли за исклучување на судијата од случајот. Жалбата беше одобрена со образложение дека судијата Удеркирк имал деловни зделки со адвокатите на Пит и со тоа ги нарушил етичките принципи на професијата, а пресудата може да биде пристрасна.
Ова исклучување значи дека битката за петте малолетни деца ќе треба да се повтори пред друг судија.
Портпаролot на Пит коментира дека пресудата во мај се заснова на факти.
Џоли и Пит се борат за старателство над Пакс (17), Захара (16), Шајло (15) и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Најстариот Медокс има 19 години, па судската постапка не важи за него.