Вучиќ: Груевски ме мачеше, ама сите инвеститори сега доаѓаат во Србија

Во моментов нашиот северен сосед се чувствува супериорно, или како што вели Вучиќ, нема кој да им ги преземе инвестициите.

4,151

Груевски ме мачеше, немав стратегија за него, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју зборувајќи за инвестицкиот бум во Србија во последните години.

Србија прерасна во балкански лидер по странски инвестиции, а претседателот на државата вели дека дури 62 отсто од вкупните инвестиции во Западен Балкан пристигнуваат во Србија.






Во моментов нашиот северен сосед се чувствува супериорно, или како што вели Вучиќ, нема кој да им ги преземе инвестициите.

– Сите фабрики ги донесовме ние. Донесовме инвеститори, ја направивме најдобрата политика. Нè мачеше Груевски. Година и пол барав тактика за нив. Нè мачеше зашто имаше добра политика за привлекување странски инвестиции. И цела година лутавме како да направиме подобра програма и најдовме и сите инвеститори им ги презедовме. Сега веќе никој ништо не зема. Сега сè стигнува во Србија, 62 отсто од вкупните инвестиции во Западен Балкан – рече Вучиќ.

Поврзани содржини