Околу 45 минути се чека на Богородица и на Табановце

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

170

На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за влез и за излез е од 30 до 45 минути со можност за зголемување во наредните часови, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП „Македонија пат“ од вчера почна градежни работи на патот Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, кој ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила.






Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини