Токму кога помисливме дека е прашање на време кога британската пејачка ќе признае дека е со познатиот рапер, Адел се појави во еден натпревар со друг маж.
Веќе две години се шпекулира дека британската пејачка Адел е во врска со британскиот рапер Скепт, инаку поранешното момче на манекенката Наоми Кемпбел, а парот беше пред неколку дена виден заедно во шопинг во Калифорнија.
Токму кога сите помислија дека конечно ќе ја признае својата љубов со раперот, Адел ги изненади сите појавувајќи се на јавен настан со друг маж. Станува збор за Рич Пол, најпознатиот агент во НБА и најдобриот пријател на Леброн Џејмс, а тој уживал со Адел во кошаркарски натпревар. Иако немало никаква интимност меѓу нив двајца, тие цело време разговарале и се смееле, покажувајќи дека им е многу, многу пријатно заедно.
Новинарот Брајан Виндхорст, инаку, во својот подкаст за пејачката, зборувал како за девојка на Пол.
– Агентот Рич Пол ја донесе својата девојка на натпревар – рекол тој и додал: „Неговата девојка е Адел. Ова е првпат тие да излезат во јавноста заедно, така што ова ќе ги преплави таблоидите, особено утре во Англија.“
Пејачката, инаку, изгледала одлично во црна облека и долг мантил, за кој модните портали истакнуваат дека потсетува на стилот на Вивиен Вествуд, а носела и црна заштитна маска и многу златен накит.
Рич Пол е, инаку, многу популарен во светот на спортот и се истакна како исклучителен агент, а неговото богатство се проценува на 100 милиони долари.
ФОТО: Инстаграм