Пеце Цветковски: Верувајте, никаде нема ваков живот
„Нема место кадешто нема да успеете ако работите 12 часа и ако се вложите себеси во тоа што најдобро знаете да го правите“, вели нашиот домаќин од Вила Дихово кадешто престојувавме викендов во организација на здружението Еко-свест. Одличен избор за она што беше и целта на овој работен викенд
„Ако работите 12 часа и ако се вложите себеси во тоа што најдобро знаете да го правите, нема место каде што нема да успеете“, вели нашиот домаќин Пеце Цветковски од Вила Дихово во истоименото село каде што престојувавме викендов во организација на здружението Еко-свест. Одличен избор за она што беше и целта на овој работен викенд – да понуди одговори како трансформацијата на енергетскиот сектор од производство на енергија од фосилни горива, кон употреба на обновливи извори на енергија, ќе влијае врз локалното население во битолскиот регион, каде се наоѓа термоелектраната РЕК Битола.
Енергетската транзиција во земјата е многу важна, вели Невена Смилевска, програмски координатор во „Еко свест“ која е дел од истражувањата што биле изработени за да дадат одговори како енергетската трансформација ќе влијае врз локалното население во овој и во кичевскиот регион, каде се наоѓаат термоелектраните на јаглен. А податоците од истражувањата покажале дека зависноста од јаглен во регионите може да биде заменета со можности за алтернативен туризам, традиционални занаети и земјоделско производство, поточно, она што веќе 14 години го работи Пеце со Вила Дихово и неговите соседи Нацо и Благој Јовчевски со нивниот пчеларник „БН“.
Целот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.