Почина карикатуристот, кој го крена на нозе муслиманскиот свет со карикатурата на Мухамед

Илустраторот е автор на најпознатите 12 карикатури објавени на 30 септември 2005 година во данскиот конзервативен весник со наслов Лицето на Мухамед, на која пророкот е прикажан со турбан во форма на бомба.

583

Данскиот карикатурист Курт Вестергарт, познат по карикатурата на пророкот Мухамед која предизвика немири во некои исламски земји, почина на 86 години, објавило неговото семејство, пренесуваат данските медиуми.

Вестергард почина по долго боледување, соопштило семејството.






Илустраторот е автор на најпознатите 12 карикатури објавени на 30 септември 2005 година во данскиот конзервативен весник со наслов Лицето на Мухамед, на која пророкот е прикажан со турбан во форма на бомба.

Карикатурите првично поминале незабележано, но по 15 дена се одржал протест во Копенхаген.

Потоа ескалирал гневот кој резултираше со антиданско насилство во муслиманскиот свет во февруари 2006 година.

Насилството поврзано со карикатурите кулминираше во 2015 година со атентат на францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо во Париз, кога се убиени 12 вработени. Неделникот повторно ја објави карикатурата во 2020 година.

Поврзани содржини