Еве колкава е разликата меѓу најниската и највисоката пензија во земјава
Минимална пензија, која се движи од 9.868 до 12.077 денари добиваат 94.510 пензионери, но 22.696 лица примаат месечни пензии се пониски од минималната, односно се под 9.868 денари.
Во јуни година имало 302 пензионери кои примиле пензија над 52.455 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско, а вкупно 1.323 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии од кои најголем дел или 887 се со пензија од 41.739 денари, објави порталот „Пари“
Минимална пензија, која се движи од 9.868 до 12.077 денари добиваат 94.510 пензионери, но 22.696 лица примаат месечни пензии се пониски од минималната, односно се под 9.868 денари.
Најголемиот дел од пензионерите, или 203.831, добиваат меѓу 12.077 и 40.067 денари а просечната пензија во јуни изнесувала 15.705 денари,.
Во Макдонија има 325.081 пензионер.
Најниски се земјоделските пензии, со просек од 8.165 денари, додека пак со просек од 22.978 денари највисоки се воените пензии.