Почина холандскиот новинар кој беше застрелан во Амстердам
Де Вриес бил водечки известувач за криминал во Холандија и редовно се појавувал како портпарол на жртвите или сведок на судења.
Петер Де Вриес починал од полседици од повредата која ја добил при нападот на почетокот на месецов кога непознати сторители го застрелале, јавуваат тамошните медиуми.
Во водечкиот холандски новинар од црна хроника пукано е во Амстердам. Досега се уапсени три лица, а полицијата поткренала голема истрага.
На Де Вриес му е пукано во главата.
Де Вриес бил водечки известувач за криминал во Холандија и редовно се појавувал како портпарол на жртвите или сведок на судења.
Тој бил и клучен таен сведок на големото судење за организиран криминал.

Според медиумските извештаи непознатиот напаѓач пукал во Де Вриес откако тој го напуштил телевизиското студио. Де Вриес претходно учествувал во директно телевизиско јавување.
Премиерот Марк Руте нападот на Де Вриес го нарече напад на слободата на новинарството.