Судскиот процес „Тендери“ ќе го чека новиот судија – поротник

Судскиот совет вчера одлучи да престане мандатот на двајца судии поротници од Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст.

162

Главната расправа за предметот „Тендери“, закажана за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по добиено известување од Судскиот совет за разрешување на судија – поротник, главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, насроечно за денеска, се одлага се до назначување на нов судија – поротник. За новите термини за продолжување со главната расправа, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени –  информираат од Основен кривичен суд Скопје.






Судскиот совет на вчера одлучи да престане мандатот на двајца судии поротници од Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст.

Последното рочиште за случајот, кое се одржа на 13 јули и на кое беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови, беше одложено поради отсуството на второобвинетата Јулијана Угриновска, од здравствени причини.

Првообвинета во случајот „Тендери” e поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

 

Поврзани содржини