Какви сметки за струја ќе има во јули? Пратениците решаваат за намалувањето на ДДВ за струја

Законските измени се на предлог на Владата, а со нив се предвидуваше тие да почнат да се применуваат од 1 јули.

720

Собранието денеска во рамки на продолжението на 45. седница треба да гласа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, по скратена постапка, со којшто се предвидува намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.

Законските измени се на предлог на Владата, а со нив се предвидуваше тие да почнат да се применуваат од 1 јули.






Според предлогот, повластена стапка од 5 отсто на ДДВ ќе има и за прометот и увозот на струја за домаќинствата. Оваа стапка ќе биде со важност од 1 јули 2021 година до 30 јуни 2022 година.

Од 30 јуни 2022 година па се до 30 јуни 2023 година за промет и увоз на струја за домаќинствата ќе важи повластена стапка на ДДВ од 10 отсто.

Цел на ваквиот предлог, како што образложува Министерството за финансии кое ги подготви измените на Законот за ДДВ, е да се овозможи пониска цена на струјата за граѓаните во период од две години.

Се очекува предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност да имаат незначителни негативни фискални импликации врз Буџетот.

Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми цената на стријата за 12, 3 отсто со најава дека со намаленото ДДВ граѓаните ќе имаат исти сметки за иста потрошена струја.

 

Поврзани содржини