Левица ќе го тужи Талат Џафери
Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери, затоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.
Спикерот Талат Џафери нема храброст да се соочи со пратениците и ја враќа интерпелацијата против него! Член 136 кој тука е наведен, се однесува на општи прекршувања на Деловникот. Џафери нема наведено ништо конкретно зошто интерпелацијата е вратена, напиша пратеникот од Левица, Борис Крмов на Фејсбу
– Подолу дури изигрува обвинител и Уставен суд, па суди што било во согласност со позитивното право на РМ, а што не. Иако тоа не е негова работа. И секако, продолжува со дискриминација на пратениците (не) Албанци форсирајќи двојазични документи по секоја цена. Оти му се може. А премиерот со прстот во уста. Битно парата се врти – напиша Крмов на Фејсбук.
Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери, затоа што тој говореше на албански јазик пред Комитетот на министри на Европскиот парламент (ЕП) во Брисел.
Интерпелацијата воедно е и поради кршење на ковид-протоколите на седницата кога двајца пратеници од мнозинството дојдоа во скафандери за да гласаат за економските мерки, а притоа беа позитивни на коронавирусот.