Шехерезад и Онур открија како ќе им се вика ќерката: Името има посебно значење (ФОТО)

1,089

Бергузар Корел (38), турска актерка попозната како убавата Шехерезад, преку својот инстаграм-профил откри дека таа и нејзиниот сопруг Халит Ергенч (51), најпознат по улогата на Сулејман Величествениот, очекуваат девојче по два сина, 11-годишниот Али и едно и пол годишниот Хан.

Двојката пред неколку месеци ја сподели веста за своето трето дете со обожавателите, а пред еден месец откри дека очекуваат девојче. Актерката со последната фотографија го потврди она за што шпекулираа турските медиуми со месеци.






Бергузар со последната објава на Инстаграм покажа како изгледаат нејзините утра во моментот, но го потврди и името на нејзината ќерка која треба да се роди наскоро.

„Утринско кафе со Леjла“, напишала убавата трудница покрај фотографијата на која сопругот нежно го прегрнува нејзиниот труднички стомак.

„Леjла има прекрасни родители, прекрасно е да ве гледам волку вљубени“, „Одвај чекаме да дојде Леjла на светот“, „Ти блескаш“, се само некои од коментарите.

Инаку, името Лејла има арапско потекло и значи „ноќ“, но не која било ноќ, туку „многу мрачна, долга ноќ“, односно „најубавата од сите ноќи“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини