Министерот Маричиќ „купи“ кафемат со „полтрони“ од 1,15 милиони евра, па соопшти дека е направена грешка

И огласот и договорот можеше да се видат на системот е-набавки, но по некоја минутa по интервенција на Министерството за правда ја снема објавата за потпишаниот договор.

2,764

Неверојатни 1.151.220 евра (70.800.000 денари) ќе ѝ плати Министерството за права на скопската фирма „Медикал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје за набавка на кафемат со патрони. Договорот за набавка на кафематот заедно со „полтрони“ (наместо патрони) за потребите на Кабинетот на Mинистерот за правда министерот Бојан Маричиќ го потпишал на 8 јули годинава, а огласот за јавната набавка е објавен на 4 ноември лани.

Информацијата предизвика бура од реакции на социјалните мрежи по што Министерството за правда соопшти дека е направена грешка при објава на огласот за јавната набавка на системот е-набавки и дека се работи за додадени нули. Според нив, јавната набавка не чинела 70.000 туку 60.000 денари.






Истовремено имаше и реакција на системот за е-набавки. Прво и огласот и договорот можеше да се видат на системот е-набавки, но по некоја минутa по интервенција на Министерството за правда ја снема објавата за потпишаниот договор и беше објавена нова.

Пред корекција

По корекција

Револтирани граѓани коментираа:

„Некој информативно да помогне околу кафематов од МИЛИОН И СТО ПЕСЕЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА??? Постојат такви кафемати??? Бојан Маричиќ???“,

„Ни шеикот на Дубаи нема таков кафемат“,

„Уствари сега ја разбрав причината. Не е скап кафематот туку тие „полтроните“, „Па зависи колку полтрони ќе вработат да варат кафе. 1.15М не се многу за 1000 полтрони“, „Тоа ќе му дојде како некоја линија за производство на на кафе или што? Најскапите кафемати што почнуваат од зрно, точат кафе со млеко  и пена комплет со вкусови по избор не ми е познато да преминуваат 1.500 евра“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Плусинфо побара појаснување од Министерството за правда, и еве што доби како одговор:

– Министерството за правда не набавило кафемат за сумата која ја наведувате. Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото кое по реакција на министерството е коригирана. МП има склучено договор со фирмата „Медикал маркетинг“ ДООЕЛ за годишна набавка (важи од денот на склулување) на кафе во вредност до 60.000 денари. Кафематот за кој прашувате е добиен како подарок од истата фирма, односно МП нема трошоци за него. Оваа сума од 60.000 денари (без ДДВ) не мора да биде платена, доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати.

Поврзани содржини