Во Тетово има четворица суспектни на јужноафриканскиот сој

Пристапот кон сите е ист, епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање. Освен тоа нема информација дека има некој нов случај - изјави Филипче.

285

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека засега нема нови случаи со делта варијантата на коронавирусот, но во Тетово има четири сомнителни случаи на јужноафриканскиот сој.

– Четири случаи треба да се секвеционираат, меѓутоа на јужноафриканскиот сој, а тоа значи има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист, епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и индикација дали да се прави секвенционирање. Освен тоа нема информација дека има некој нов случај – изјави Филипче.

Поврзани содржини