Пратеникот од ДОМ Мирослав Богдановски поднесе оставка
Пратеникот Богданоски, како што дознаваме, решил да се откаже од пратеничката функција затоа што бил незадоволен од раководењето на претседателката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин.
Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски поднесе оставка од функцијата пратеник и планира да се врати на претходното работно место главен инспектор во град Скопје.
На денешната собраниска седница ќе биде констатирана неговата оставка. Се очекува ДИК да даде предлог за следниот пратеник на листата. Следна, како што дознаваме е Анета Симеска од СДСМ, но со оглед на тоа што таа минатиот месец стана вд. директорка на Пазарен инспекторат, најверојатно нема да биде пратеник. Извори од Собранието велат дека пратеничка се очекува да стане Даниела Николова од СДСМ, која е на 13 место на листата во првата изборна единица.
Пратеникот Богданоски, како што дознаваме, решил да се откаже од пратеничката функција затоа што бил незадоволен од раководењето на претседателката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин.