Тинејџер се обидел да обљуби врсник во јавна установа за згрижување деца на подрачјето на Центар во Скопје.
Како што соопшти полицијата, на 22.05.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавната установа е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник.
Откако тоа го забележала една вработена 15-годишникот заминал од домот.