Митева: Шилегов за промоција на кампањи ќе потроши 130.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали станува збор за предизборна кампања на Шилегов која е финансирана од буџетот на Град Скопје во вредност од 130.000 евра?

259

ВМОР-ДПМНЕ денеска обвини дека градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов спровел нов тендер на нетранспарентен начин. Тендерот , како што рече портпаролката на партијата Марија Митева е за  промоција на кампањи за посебни проекти на Град Скопје во вредност од  130.000 евра.

–  На 11.02.2021 година склучен е договор за подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на Град Скопје за 2020/2021 година. Подетално, станува збор за изработка на медиа план за закуп на рекламен простор односно билборди и светлечки реклами, план за закуп на рекламен простор на веб портали и социјални мрежи, како и дистрибуција на рекламни материјали. Од друга страна, станува збор за нетранспарентен процес во кој не се наведени оние посебни проекти кои Шилегов сака да ги промовира – рече Митева.






Таа отворено праша дали станува збор за предизборна кампања на Шилегов која е финансирана од буџетот на Град Скопје во вредност од 130.000 евра?

– После фрапантните цени на јавните набавки за клупи, чешми, садници, противпожарно возило сега Шилегов реализира јавна набавка за кампања во изборна година, повторувам во вредност од 130.000 евра! Внимавајте, целта дефинирана во техничката спецификација е да ја зголеми општата свест кај граѓаните за посебните проекти и активности на градот и да ги информира и едуцира соодветните целни групи преку зголемување на видливоста на посебните проекти и активности на градот. Целта е погрешна, ниедна кампања не може да го претстави Шилегов во поразлично светло. Делата говорат за неспособноста и неработењето на Шилегов. Скопје изгуби 4 години – вели Митева.

Поврзани содржини