Професорката Гилберт која ја разви вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ ги собра аплаузите на Вимблдон ВИДЕО
Кога официјалниот спикер соопшти дека професорката по вакцинологија е присутна во Кралската ложа на централниот терен пред мечот на Новак Ѓоковиќ и Џејк Дрејпер, публиката речиси една минута стоеше и аплаудираше.
Публиката на тенискиот турнир Вимблдон во Лондон денеска ѝ оддаде почит на Сара Гилберт, професорката од Универзитетот Оксфорд која го предводеше тимот за вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“.
Кога официјалниот спикер соопшти дека професорката по вакцинологија е присутна во Кралската ложа на централниот терен пред мечот на Новак Ѓоковиќ и Џејк Дрејпер, публиката речиси една минута стоеше и аплаудираше.
An opening day on Centre Court with a difference…
A special moment as we say thank you to those who have played such an important role in the response to COVID-19#Wimbledon pic.twitter.com/16dW1kQ2nr
— Wimbledon (@Wimbledon) June 28, 2021
Минатата година Вимблдон не се одржа поради пандемијата на коронавирус. Годинава, навивачите треба да прикажат доказ дека примиле две дози од вакцина или негативен ПЦР тест за да присуствуваат на натпреварите. Од нив се бара да носат маски додека се движат наоколу, но можат да ги извадат додека го гледаат мечот на трибините.
Ѓоковиќ победи со 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 на мечот од првото коло.