Мицкоски најави шпанска поддршка за локалните избори
Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на претстојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје!
Остварив успешна средба со Генералниот секретар на Европската Народна Партија, Антонио Лопез-Истуриз и пратеник во Европскиот парламент, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со Лопез.
– Лопез-Истуриз е помеѓу најблиските соработници на претседателот на Шпанската сестринска народна партија (Partido Popular) Пабло Касадо. Шпанската народна партија победи во Мадрид на локалните избори и разговаравме за идна соработка на претстојните локалните избори во Македонија, заеднички да соработуваме и славиме победа во нашето Скопје! Ја имаме поддршката и знаењето. Со целото срце и сила за победа над застојот, стагнациите, блокадите – вели Мицкоски.