Верстапен ја освои Големата награда на Штаерска
Тој започна од пол-позицијата и го задржа првото место до самиот крај. Втор беше пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, а трет неговиот клупски колега Валтери Ботас.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка во Австрија од шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Штаерска.
Тој започна од пол-позицијата и го задржа првото место до самиот крај.
Втор беше пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, а трет неговиот клупски колега Валтери Ботас.
Пласман на првите 10 возачи кои освоија бодови:
- Макс Верстапен (Ред Бул)
- Луис Хамилтон (Мерцедес)
- Валтери Ботас (Мерцедес)
- Серхио Перез (Ред Бул)
- Ландо Норис (Мекларен)
- Карлос Саинц (Ферари)
- Шарл Леклер (Ферари)
- Ленс Строл (Астон Мартин)
- Фернандо Алонсо (Алпин)
- Јуки Цунода (АлфаТаури).
Во Генералниот пласман води Верстапен со 156 бодови, пред Хамилтон со 138.