Стотици граѓани ја поддржаа Парадата на гордоста

На Парадата ѝ се приклучија и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, како и министерките Радмила Шекеринска, Јагода Шахпаска, Мила Царовска, Ирена Стефоска.

1,531

Стотици граѓани од сите возрасти се приклучија денеска на Парадата на гордоста која по втор пат се одржа во Скопје.

Збогатена со транспаренти со пораки и знамиња во бои на виножитото, парадата мина низ центарот на Скопје без проблеми. Дел од транспарентите порачаа „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“…






На Парадата ѝ се приклучија и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска, како и министерките Радмила Шекеринска, Јагода Шахпаска, Мила Царовска, Ирена Стефоска.

Премиерот Зоран Заев вчера преку Фејсбук ја поддржа Парадата.

ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето едно и еднакво општество, а на јавните простори во Скопје и со организацијата на SkopjePride. Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за ‘Едно општество за сите’ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден. Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас“, напиша Заев.

Годинава мотото на Парадата на гордоста е „Вон ѕидовите“.

Парадата на гордоста почна напладне со марш од паркот „Жена борец“ и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк. Предвидено е Парадата да заврши кај Школка во Градскиот парк, каде што ќе има неколкучасовна музичка програма.

Организатор на настанот е Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

– Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество – велат организаторите на парадата.

Поврзани содржини