Мони Дамевски е нов директор на „Браќа Манаки“
Мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.
Актерот Симеон Мони Дамевски е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Изборот е направен на вчерашното свечено Собрание на ДФРМ, а Дамевски е избран едногласно.
Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.
Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера.