Крвава драма во Германија: Со нож убил тројца и ранил шестмина

303

Три лица загинаа, а шестмина се повредени во напад со нож денеска во германскиот град Вирцбург, јави весникот „Билд“, додавајќи дека полицијата го совладала напаѓачот, пукајќи му во ногата.

Полицијата го уапси осомничениот по „голема акција“ во која беа затворени делови од центарот на градот.






„Го уапсивме напаѓачот“, напиша локалната полиција на Твитер, соопштувајќи дека засега „нема индиции дека има повеќе напаѓачи“ и „опасност за населението“.

Исто така, полицијата на Твитер јави дека веќе нема опасност за граѓаните на Вицбург.

Поврзани содржини