Поп што дилал кокаин им фрлил киселина в лице на седум владици
Свештеникот почнал да трча и бил фатен на излегување од манастирот од еден од чуварите, кој исто така е во болница со изгореници. Во болницата подоцна дошол министерот за здравство Кикилиас за да ги посети жртвите. Тој изјавил дека еден од нив ќе мора да оди на пластична операција.
Уапсен е атинскиот свештеник кој им фрли киселина в лице на седум православни бискупи додека расправале за негова смена, пренесува БиБиСи.
Тројца владици и еден полицаец сега се во болница од изгорениците кои им ги причинил 36-годишниот свештеник.
Нападот со запалива корозивна течност се случил вчера во манастирот Петраки кадешто епископите се состанале за да му го одземат свештенството на својот колега поради шпекулации дека тргувал со дрога. Во 2018 година кај него биле пронајдени 1,8 грама кокаин, велат локалните медиуми.
Свештеникот почнал да трча и бил фатен на излегување од манастирот од еден од чуварите, кој исто така е во болница со изгореници. Во болницата подоцна дошол министерот за здравство Кикилиас за да ги посети жртвите. Тој изјавил дека еден од нив ќе мора да оди на пластична операција.
Нападот го осуди и грчката претседателка, додека премиерот Мицотакис разговарал со поглаварот на грчката црква. Мицотакис рекол дека е „длабоко тажен“ и го уверил владиката дека „државата ќе ја понуди сета можна медицинска помош за брзо закрепнување на жртвите“.