Ново светско движење: „Child free“

„Побарувачката е голема, поради короната имаме ограничен број места, а гостите кои доаѓаат тука бараат нешто уникатно, елегантно и релаксирачко. Децата и животните ја уништуваат атмосферата“, вели сопственикот на ресторанот „Ла Палапа“ во Рим, кој забранил влез на деца на возраст под 14 години и на животни.

266

Дали има место за деца во рестораните и хотелите е сè почеста тема на дискусија во Италија, а движењето „Child Free“ (Без деца) се проширило и во други земји. Потекнува од САД, а во хотели без деца може да се престојува и во Париз и Мадрид, како и на некои егзотични дестинации.

„Ова е ексклузивно место и како такво не е погодно за деца“, изјави сопственикот на еден ресторан во Рим за италијанските медиуми, додавајќи дека „ресторанот е дизајниран така што музиката, светлината и бучавата и менито не се наменети за деца.“






Кога новинарите од телевизиската куќа Mediaset го прашале да го појасни својот став, тој одговорил: „Ова е модерен ресторан. Имам мали маси во француски стил и големи фотелји. Јас навистина мислам дека ова е место каде децата не би се чувствувале добро. Ова е место наменето за возрасни“.

Во градот Сондрио, сопственикот на пицеријата Бага на влезот ставил порака: „Остави ги невоспитаните деца дома или сменете го локалот“. Ова го оправдал со желбата на голем број редовни гости кои се уморни од децата на другите гости што трчаат, викаат и се судираат со келнерите.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Freepik

Поврзани содржини