Наезда на стаорци во Австралија, затворениците итно евакуирани од ќелиите (ФОТО)
Локалните власти соопштиле дека здравјето и безбедноста на персоналот и затворениците се приоритет број еден, па затоа е потребно што побрзо да се направи санација на затворот.
Поради наезда на глувци последните месеци во Нов Јужен Велс, австралиските власти биле принудени да ги евакуираат затворениците.
Како што пренесува „Guardian”, глувците ги оштетиле ѕидовите и каблите во затворот во Велингтон, па повеќе од 200 вработени и 420 затвореници ќе бидат преместени во други затвори во наредните десетина дена, додека не се изврши чистење и санација.
Локалните власти соопштиле дека здравјето и безбедноста на персоналот и затворениците се приоритет број еден, па затоа е потребно што побрзо да се направи санација на затворот.