Научниците пресметале колку тежат сите коронавируси во светот
Вирусот, според податоците од пред една недела, заразил повеќе од 173 милиони луѓе и убил над 3,7 милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.
Ако сите честички на вирусот „САРС-КоВ-2“ кои моментално циркулираат кај луѓето ширум светот требаше да се соберат на едно место, според новата студија, тие би тежеле некаде помеѓу јаболко и мало дете.
Група истражувачи неодамна пресметаа дека секое заразено лице носи околу 10 милијарди до 100 милијарди индивидуални „САРС-КoВ-2“ честички во пикот на инфекцијата. Ова сугерира дека сите „САРС-КоВ-2“ вируси кои моментално заразуваат луѓе ширум светот, кои во било кое време за време на пандемијата биле околу еден милион до 10 милиони инфекции, имаат колективна маса од 100 грама до 10 килограми, пишува „Science Alert“.
Мало, сепак, не значи дека е незначително
– Гледајќи го од поширок историски контекст, од ударна гледна точка, атомската бомба има помалку од 100 килограми фисијан материјал. Слично на тоа, овде станува збор за многу мала маса на вируси кои го опустошуваат светот – велат авторите Рон Мило, професор за животна средина на Институтот за наука во Вајзман во Израел и Рон Сендер, докторанд во лабораторијата на Мило.
Вирусот, според податоците од пред една недела, заразил повеќе од 173 милиони луѓе и убил над 3,7 милиони, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.
За да пресметаат колку вируси може да носи секое заразено лице, истражувачите користеле претходни мерења на мајмуни резус и колку „САРС-КoВ-2“ носеле за време на врвната инфекција во различни ткива за кои се знае дека се подложни на вирусот, вклучувајќи ги белите дробови, крајниците, лимфните јазли и дигестивниот систем. Потоа, тие го помножија бројот на присутни вирусни честички на грам ткиво кај мајмунот резус со масата на човечките ткива за да се процени бројот на вирусни честички во човечките ткива.
Колку мутации ќе има вирусот во просек за време на инфекција кај една личност?
Од претходните пресметки засновани на дијаметарот на вирусот, тие веќе знаеја дека секоја честичка од вирусот има маса од еден фемтограм (од 10 до минус 15 грама). Користејќи ја масата на секоја честичка и бројот на проценетите честички, тие пресметале дека секое лице во врвот на инфекцијата носи од една до 10 микрограми вирусни честички. Овие бројки им овозможија на научниците подобро да разберат што се случува во телото за време на инфекцијата, да го утврдат бројот на заразени клетки и да го споредат бројот на честички на вирусот во телото со брзината на развој на вирусот.
Потоа тие пресметале колку мутации би имал вирусот во просек за време на инфекцијата на една личност, а исто така и на целата популација. За да го направат ова, тие користеа прелиминарна проценка на мутацијата на нуклеотид слична на коронавирусот, ја помножија со бројот на нуклеотиди во геномот „САРС-КоВ-2“, а потоа разгледаа колку пати вирусот направил копии од себе во телото за време на инфекцијата.
Откриле дека за време на инфекција кај еден домаќин, вирусот поминува низ 0,1 до една мутација низ целиот геном. Со оглед на тоа што минуваат четири до пет дена помеѓу инфекциите, вирусот би собрал околу три мутации месечно, што е во согласност со познатата стапка на еволуција на вирусот „САРС-КoВ-2“, напишаа истражувачите.
Сепак, тие исто така откриле голема варијација во бројот на вирусни честички кај заразените лица. Може да варира од пет до шест редови во големина, што значи дека некои заразени луѓе можат да имаат милиони пати повеќе од овие честички од другите.
– Знаеме дека луѓето со мало вирусно оптоварување навистина имаат помала веројатност да заразат други – велат Мило и Сендер.
Но, сè уште е нејасно дали супер-распрснувачите шират повеќе вируси отколку другите од биолошки причини, како што се високи вирусни оптоварувања или социолошки причини како што се многу блиски средби со луѓе на големи настани во затворено, додаваат научниците.