Пандев: Со Холандија да се обидеме од почеток да одиграме како што знаеме
Ние на ова ЕП нема што да изгубиме. Ние со самиот пласман направивме нешто големо.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, по денешниот пораз (1:2) од Украина рече дека за добар резултат не се доволни добри само 45 минути.
– Треба да играме цел натпревар како што игравме во второто полувреме. Жал ми е што го изгубивме натпреварот. Се надевав дека можевме барем до бод. Бевме малку во грч. Кога примивме гол, како да се опуштивме и почнавме да играме. Ние на ова ЕП нема што да изгубиме. Ние со самиот пласман направивме нешто големо. Сега треба само да излеземе на терен и да дадеме максимум. Нашите навивачи и денес покажаа дека се со нас и со аплауз не испратија на крајот. Со Холандија да се обидеме од почеток да одиграме како што знаеме – истакна Пандев.
По две кола „црвено-жолтите“ се без бод и само со теоретски шанси за 3. место во Ц-групата и пласман во следната фаза.