ИЗРАЕЛ ВОЗВРАТИ ПО ХОЛАНДСКАТА ЗАБРАНА ЗА УВОЗ За Хаг тоа е непотребен чекор

Холандските дипломати што ја претставуваат својата земја пред Палестинската самоуправа во Рамала остануваат без дипломатскиот статус што им го признава Израел. Потегот е директен одговор на холандската забрана за увоз на производи од израелските населби на окупираниот Западен Брег.

233

Израел им го укинува дипломатскиот статус на холандските дипломати во Рамала откако Холандија забрани увоз на производи од израелските населби на окупираниот Западен Брег. Дипломатите имаат седум дена да ги вратат акредитивите, а Хаг веќе ја нарече одлуката „непотребна“.

– Секоја земја што дејствува непријателски и еднострано кон Израел ќе го изгуби влијанието и важноста во регионот – порача Саар.






Холандскиот министер за надворешни работи Том Берендсен изрази жалење поради израелската одлука и ја нарече „непотребна“.

Тој нагласи дека холандските мерки не се насочени против Израел. Според Берендсен, забраната произлегува од обврската на Холандија да не придонесува кон ситуацијата создадена со населбите што Хаг ги смета за нелегални според меѓународното право.

Холандија од 22 септември го забрани увозот на производи од израелските населби на окупираните палестински територии.

Израел претходно презеде сличен чекор и кон Велика Британија. Откако Лондон воведе ограничувања за трговијата со населбите, Израел нареди затворање на британскиот конзулат во Источен Ерусалим.

Франција и Канада исто така објавија ограничувања за производите од населбите, но Израел засега не презел иста дипломатска мерка кон нив.

Поврзани содржини