ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА МИНИСТЕРСТВАТА И ОПШТИНИТЕ БЛАГО СЕ ПОДОБРИЛА ГОДИНАВА Министерството за енергетика најтранспарентно
На последно место, со најниска активна транспарентност од сите рангирани институции, и годинава се наоѓа Општина Лозово (со 36,9% од можни 100%).
Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2026 година изнесува 82% (од максимално можни 100%), што е за два поена повеќе во однос на минатата година кога изнесуваше 80%.
Ова го покажува Индексот на активна транспарентност, на Центарот за граѓански комуникации. Во него се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини.
Активната транспарентност само на министерствата и на Владата изнесува 86% што е подобрување за два процентни поена во однос на ланските 84%. Со ова, Владата и министерствата се вратија на нивото на активна транспарентност од 2023 и 2024 година.
И општините го подобрија нивото на активна транспарентност во однос на лани за два процентни поена и сега имаат 81%, наместо ланските 79%.
Наспроти просечното подобрување, дури 41% од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност во 2026 година.
По пет години водство, Министерството за одбрана веќе не е првата позиција, на која годинава се искачи Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, кое е единствено министерство со максимални 100% активна транспарентност.
Кај општините, четири општини се на водечкото место со 100% активна транспарентност: Градско, Демир Хисар, Зрновци и Штип, додека ниедна од општините што лани беа лидери не ја задржа својата позиција.
Меѓу регионите, четврта година по ред на првото место се наоѓа Источниот Регион со дури подобрена активна транспарентност од лани (91% наспроти 88% лани).
На последно место, со најниска активна транспарентност од сите рангирани институции, и годинава се наоѓа Општина Лозово (со 36,9% од можни 100%).
Најмалку информации, и министерствата и општините објавуваат за финансиите (министерствата 71%, а општините 64% од можни 100%).