Кинеската, 53-годишната Џиансија, која го постави рекордот за најдолги трепки во 2016 година сега официјално го сруши.
Џиансија стана рекордерка пред пет години кога трепките на нејзиниот горен капак на левото око биле долги 12,4 см.
Но, нејзините трепки продолжиле да растат со текот на годините, а минатиот месец тимот на Гинисовите светски рекорди потврди дека новата најдолга трепка на светот е нејзина и дека е долга 20,5 см.
Значи, од последното мерење, нејзините трепки пораснале за дополнителни 8,1 см.
Сите нејзини трепки се многу долги, но најдолгата од сите е пронајдена на горниот капак на левото око.
Џиансија рекла дека првпат сфатила дека трепките ѝ растат во 2015 година во доцните 40-ти години.