Ќе игра ли Јокиќ за Србија на Олипмиските игри? Не знам, вели тој!
Денвер Нагетс испаднаа од плејофот во полуфиналето на Западот и сега пред Јокиќ е голема одлука.
Ќе игра ли Никола Јокиќ за репрезентацијата на Србија на Олимписките игри, сега кога НБА сезоната заврши?
Јокиќ сезонава одигра 72 натпревари во регуларниот дел и уште 10 во плејофот. Бидејќи Денвер Нагетс испаднаа од плејофот во полуфиналето на Западот, пред Јокиќ е голема одлука, пишува Б92нет.
– Не знам. Само што ја завршив оваа сезона и сè уште не знам ништо – кратко одговори Јокиќ прашан дали ќе ја претставува својата земја.
Но, секако, Србија прво мора да се квалификува на Олимписките игри во периодот од 29 јуни до 4 јули годинава.
Погледнете исечоци од неговите најдобри натпревари сезонава: