Седат Пекер тврди дека полицијата го викнала на разговор, но го пуштиле
Пекер потврдува дека бил однесен во полиција од резиденцијата во Дубаи.
Седат Пекер, обвинет дека е водач на криминална организација на социјалните мрежи негираше дека бил приведен од полицијата во Дубаи, објавија турски медиуми.
Пекер потврдува дека бил однесен во полиција од резиденцијата во Дубаи.
„Драги мои пријатели, од пладне го напуштив местото каде што престојував, но заедно со полициските власти. Сега се вратив на местото каде што престојувам со моето семејство. Имавме меѓусебен разговор поради интензитетот на обвинувањата против мене. Тие, пак мене ме известија дека нема проблем да заминам или да останам во земјата“, напишал Пекер.
Претходно, турски новинар објави дека Пекер е уапсен во Дубаи, откако турските власти претходно издадоа налог.