Тинејџерката Дарнела Фрејжер која го сними апсењето и смртта на Флојд доби специјална Пулицерова награда
Фрејжер имала 17 години, кога ја сними смртта на Флојд во мај 2020 година, при неговото приведување во Минеаполис.
Пулицерова награда за „посебно достигнување“ синоќа ѝ беше доделена на тинејџерката Дарнела Фрејжер, која ја сними смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што поттикна протести против полициската бруталност ширум светот.
Фрејжер на 17 години со мобилен телефон ја сними смртта на Флојд во мај 2020 година, при неговото приведување во Минеаполис.
Весникот Стар трибјун (Star Tribune) од Минеаполис доби Пулицерова награда за категоријата „ударна вест” (breaking news) за убиството на Флојд на 25 мај 2020 година и граѓанските немири што избија прво во Минеаполис, а потоа ширум САД и светот.
Новинската агенција Ројтерс доби награда за мултимедиумски проект наречен „Шилдед” (Shielded), игра со зборови што значи и полициски значки и заштита и покажува како законите стари половина век ги штитат американските полицајци од гонење и осудување за бројни грешки.
Агенцијата Асошиејтед Прес доби две Пулицерови награди за фотографија, една од протести за расната неправда во САД, а другата з апоследиците од пандемијата со Ковид-19 врз старите лица во Шпанија. Главниот фотограф на АП во Шпанија, Емилио Моренати ја доби наградата за фотографијата на која повозрасна двојка се гушка и бакнува преку пластична заштита.
Во категоријата локално новинарсто наградата ја добија двајца новинари од Тампа Беј тајмс (Tampa Bay Times) за низата текстови за шерифот од округот Паско, Флорида, кој ја злоупотребува својата моќ и малтретирал луѓе кои би можеле да го прекршат законот.
Њујорк тајмс доби Пулицерова награда во категоријата јавна служба, а новинарот на списанието Атлантик, Еди Јанг доби награда за описно новинарство.
Наградара за белетристика ја доби Луиз Ердрих за романот „Night Watchan” за преместувањето на домородните американски племиња во текот на 50-тите години од минатиот век, додека награда за музика доби композицијата „Stride” на Тание Леон, а за драма е наградена претставата „The Hot Wing King” на Кетори Хол.
Пулицерова награда се доделува во 22 категории, од кои 15 од областа на новинарството и седум награди за литература и музика.