Приведени се четворица скопјани С.Б. (26), А.А.(29), О.Ш.(33) и Ж.Т.(28), затоа што при претрес, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и екстази.
„По преземени мерки, А.А. и О.Ш. биле затекнати при средба со С.Б., по што биле запрени и при преглед кај нив бил пронајден и одземен амфетамин. Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Б. каде биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, екстази и дигитална вага“, се наведува во соопштението на МВР.
Во дворот на С.Б. бил затекнат Ж.Т. и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР информираат дека сите лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.