Реакција на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле: Специјалистите го понесоа најголемиот товар во пандемијата!
Стручниот колегиум на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле реагира на обвинувањата на медицински сестри од болницата, изнесени во оторено писмо до јавноста, кое вчера тие го испратија до нашата редакција.
Лекарите на Институот за белодробни заболувања, денеска во нивната реакција, по објавените наводи од писмото потпишано од медицински сестри, наведуваат дека се „паушални и тендециозни“, тврдењата во писмото.
Според, стручниот колегиум на Институтот за белодробни заболувања кај децата, паушалните тврдења во писмото, се поттикнати „со единствена цел да се оцрнат специјалистите кои го понесоа најголемиот товар во изминатава година и половина во пандемијата“, предизвикана од коронавирусот.