Заев го сефтоса експресниот пат Штип – Радовиш

559

Премиерот Зоран Заев прв возеше на првата делница од експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23 километри која денска е пуштена за сообраќај.

Коловозот е со ширина од 12,5 метри. Се очекува втората фаза од инвестицијата да заврши до септември 2022 година. Вкупната проектирана должина за комплетниот експресен пат ќе изнесува 40,46 километри, а вкупната вредност е околу 60 милиони евра.






„Ми претставува задоволство што денеска го пуштаме во употреба експресниот пат Штип – Радовиш, проект од капитална вредност и имавме можност со министерот Бочварски први да возиме по оваа делница. Првата фаза од проектот е комплетно завршена, со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Северна Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура, за граѓаните да патуваат полесно и побезбедно до саканите дестинации.
Упатувам честитки до сите инволвирани во процесот – до градежните работници, изведувачите, надзорните органи, институциите, како и Европската Банка за обнова и развој за успешната работа по најсовремени европски стандарди“, вели Заев на Фејсбук.
Поврзани содржини