ССМ бара затвор за работодавците кои добиле субвенции, а не исплатиле плата

ССМ смета дека само така ќе се стави крај на овој тип на прекршување на правата на работниците.

218

Сојузот на Синдикатите  бара, освен парични, да има и затворски казни до една година за оние работодавачи кои нема да им исплатат плати на работниците иако за тоа добиле субвенции од државата. Само така, велат од ССМ, ќе се стави крај на овој тип на прекршување на правата на работниците.

-Ние во нашите барања до Државниот инспекторат за труд и до Државниот пазарен инспекторат инсистираме да се примени Кривичниот законик и да има, не само парична казна, туку и казна затвор до една година за тие управители, менаџери и директори, за да се подигне свеста дека парите што ги дава државата се наменски, се за работникот, односно се даваат за субвенционирање на платата на работникот – рече претседателот на ССМ Дарко Димоски по средбата со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.






Тој упати апел до сите работници да се охрабрат и да ги пријавуваат и овие, но и сите други прекршувања на нивните права.

-Ги охрабрувам работниците преку апликацијата е-советник да пријават за себе анонимно, за друго лице, да ја искористат оваа можност, а ние во име на ССМ ќе поведеме судски спор, бесплатно ќе ги застапуваме во судовите и ќе им дадеме бесплатна правна помош-  рече Димовски.

Според него  казните се мали само доколку пријавите не се напишани така како што треба. Се казнува 200, 300, 400 евра, нагласи, ако не се знае како да биде попoлнета пријавата. Глобите, нагласи Димовски, можат да бидат значително поголеми, а ние како ССМ имаме ресурси и капацитетити да застанеме зад секој работник кому му се прекршени правата.

УЈП денеска соопшти дека до 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца.

 

Поврзани содржини