Папата Франциск се закити со филигран од позната македонската дизајнерка инспириран од мозаик во Стоби

„Три птици собрани околу капка течна светлина на лист од лапис лазули“, ова дело како што вели авторката, е инспирирано од мозаик од крстилницата во Епископската базилика во Стоби, која датира од 4. век.

1,007

Филигран од македонската дизајнерка Билјана Клекачкоска му беше подарен на папата Франциск на средбата со претседателот Стево Пендаровски при неговата официјалната посета на Ватикан.

„Три птици собрани околу капка течна светлина на лист од лапис лазули“, ова дело како што вели авторката, е инспирирано од мозаик од крстилницата во Епископската базилика во Стоби, која датира од 4. век.

„Ми беше голема чест и задоволство да изработам подарок за Папата. Ова дело, инспирирано од Псалмот 42 , илустриран на мозаичниот под од крстилницата на најстарата базилика во Македонија, од сега натаму живее во Ватикан. Едно мало пламенче е запалено и од сега ќе топли и грее. Три птици собрани околу капка течна светлина на лист од лапис лазули. Двете пауници и гулабицата ги изработив во филигранска техника, наместа со чисто злато. Птиците облетуваат околу капка од горски кристал, која рачно ја обработив и позлатив со 24-каратно злато. Позадината е мозаичен тенок лист од лапис лазули, кој го изработив во Флорентинската техника на мозаична уметност. Ги претставува небесата.
Комбинацијата на техниките и избраните мотиви ги претставуваат едновремено фрагилноста на животот во заедница, бесценетата взаемност и споделувањето во слободата на духот симболизиран низ гулабицата и посветеноста на вечноста, симболизирана низ паунот“, вели Клекачкоска на Фејсбук.
Поврзани содржини