Барселона го продава Кутињо, клубот плива во долгови
Неизвесна е и судбината на францускиот напаѓач Антоан Гризман, кој дојде во редовите на Барселона за сума од 120 милиони евра.
Бразилскиот играч за врска Филипе Кутињо (28), кој сезонава потфрли во дресот на Барселона, ќе биде ставен на трансфер листата за летниот преоден рок, јавија денеска шпанските медиуми.
Според истите извори, покрај Кутињо, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на трансфер листата ќе ги стави и играчите за врска Матеус Фернандес, Миралем Пјаниќ и Рики Пуига, напаѓачот Мартин Брејтвајт, дефанзивците Жуниор Фирпо и Самуел Умтити, како и резервниот голман Нето.
Неизвесна е и судбината на францускиот напаѓач Антоан Гризман, кој дојде во редовите на Барселона за сума од 120 милиони евра.
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, кој има огромен долг, минатата недела обезбеди 500 милиони евра кредит од американската инвестициска банка „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs), од кои 100 милиони евра ќе бидат потрошени веднаш за намирување на заостанатите плати за фудбалерите.
Медиумите тврдат дека долгот на Барселона пораснал на огромни 1.2 милијарди евра.