Д-р Пановски: Ќе имаме мирна есен, децата засега да не се вакцинираат
Децата засега не треба да бидат опфатени со процесот на имунизација, вели д-р Пановски.
50 проценти од граѓаните би биле вакцинирани до почеток на август, а 70 отсто до крајот на годинава, ако имунизацијата се одвива со исто темпо како и до сега, истакна доктор Никола Пановски за Сител.
Според него земјава веќе има стекнато колективен имунитет, ако во предвид освен вакцинираните, се земат и оние граѓани кои го прележале вирусот.
Децата засега не треба да бидат опфатени со процесот на имунизација, вели тој.
Тој очекува да имаме мирна есен, без голем број заразени и смртни случаи од вирусот.
Пановски упати и апел граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што рече, само така може да ја победиме пандемијата.
Инаку најновото истражување на Институтот за јавно здравје во Велика Британија покажало дека и Фајзер и АстраЗенека ефикасно штитат против индиската мутација.
Според студијата, Фаjзер била 88, а АстраЗенека 60 проценти ефикасна. Против британскиот сој, Фајзер штитела 93 отсто, а Астра Зенека 54 проценти.