Елмас не е на продажба

Весникот „Газета дело Спорт“ објави пет имиња, кои летово ќе го напуштат италијанскиот прволигаш, наведувајќи дека од Наполи заминува и тренерот Џенаро Гатузо.

473

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со сигурност останува во редовите на Наполи во следната сезона, откако неговото име не е на трансфер листата за претстојниот преоден рок што денеска ја објавија италијанските медиуми.

Весникот „Газета дело Спорт“ објави пет имиња, кои летово ќе го напуштат италијанскиот прволигаш, наведувајќи дека од Наполи заминува и тренерот Џенаро Гатузо.






Меѓу фудбалерите, кои заминуваат од Наполи на крајот од оваа сезона, се централниот дефанзивец Калиду Кулибали, халфот Фабиан Руис, кои ќе бидат продадени, Елсеид Хусеј и Никола Максимовиќ, кои заминуваат како слободни играчи, и Тимуе Бакојако, кој се враќа во Челзи.

Елмас во август лани го продолжи договорот со Наполи до 2025 година, но имаше мала минутажа во првиот тим под водство на Гатузо.

Поврзани содржини