Нов рекорд на Меси – постигнал гол на 300 натпревари во Ла Лига
Второто место му припаѓа на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул со 186 натпревари на кои се запишал во листата на стрелците.
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го отвори резултатот на синоќешниот меч од шпанскиот шампионат со Селта (1:2).
Аргентинецот го одигра 300. натпревар во Ла Лига, на кој постигна барем еден гол. Ова е најдобриот резултат во историјата на натпреварувањето.
Второто место му припаѓа на поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул со 186 натпревари на кои се запишал во листата на стрелците.