Нелоски: Фирмата на зетот на секретарот на Град Скопје доби нов тендер од Шекеринска (ВИДЕО)
Првиот човек на скопското ВМРО-ДПМНЕ ја обелодени и шемата на набавка на противпожарните скали во која учествувал таткото на една од советничките во градот и фирмата на зетот на секретарот.
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека фирмата на секретарот на Град Скопје која за 1,7 милиони евра набави противпожарни скали сега добила тендер за набавка на спорстка опрема од Министерството за одбрана во вредност од 1.000.000 евра.
Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека поседува документ со кој се потврдува тоа.
– Компанијата на зетот на секретарот на Градот Скопје воден од Петре Шилегов овие денови добива тендери од Радмила Шекеринска и Министерството за одбрана, договор вреден речиси еден милион евра, односно над 52 милиони денари за набавка на спортска опрема. Значи не се само милионските скали туку сега омилената фирма на Шилегов ќе набавува и спортска опрема за Шекеринска и Министерството за одбрана – вели Нелоски.
Тој ја обелодени и шемата по која се одвивала набавката на противпожани скали од страна на Град Скопје.
– Тендерот односно тендерската документација ја подготвува таткото на советничката на СДСМ во Градот Скопје, кој во меѓувреме станал и раководител на Секторот за заштита и спасување, Михајло Иванов, татко на советничката од СДСМ во Советот на Градот Скопје, Михаела Иванова.Во пракса набавката следела вака – таткото на советничката од СДСМ, Иванова ја правел спецификацијата за набавка и го правел тендерот и тендерската документација за овој тендер од 1,7 милиони евра, ќерка му Михаела гласала на Советот, мрзеливиот апаш Шилегов потпишува, а зетот на секретарот на Градот Скопје преку фирмата „Армор плус“ ДООЕЛ набавува – рече Нелоски.
Тој направи споредба со шемата на тендери на Драги Рашковски каој , како што рече, изглада како на мало дедте во однос на набавките од Град Скопје.
– Кога можеше Драги Рашковски да заврши во притвор за многу помала сума, се прашуваме што уште чекаат од обвинителството? Или можеби се обидуваат неколку дена да најдат начин да го заташкаат целиот овој случај, ама се свесни дека не може да се заташка, затоа што иста скала во Загреб е платена 800.000 евра плус ДДВ, додека пак ние во Скопје ја плаќаме 1,7 милиони евра – рече Нелоски.