Откриена причината за смртта на принцот Филип! Некои се прилично изненадени, други не толку

Војводата од Единбург беше погребан на 17 април, а неговите најблиски го испратија до вечното почивалиште.

6,103

Бакингемската палата на 9 април објави дека починал војводата од Единбург, принцот Филип, без да открие детали за неговата смрт, но дури сега се познати причините.

Според официјалниот извештај, принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, починал од старост. Бакингемската палата претходно објави дека војводата од Единбург „замина мирно“ на 9 април, во замокот Виндзор, без да открие детали.






Британските медиуми сега имаа пристап до официјалните извештаи во кои се наведува дека принцот Филип починал од старост и дека нема други болести или повреди што влијаеле на трагичниот исход.

Во извештајот не се споменува дури и проблемот со срцето, поради кој принцот Филип беше опериран на почетокот на годината, кога мина скоро еден месец во болницата. Медиумите наведуваат дека лекарот може да ја наведе возраста како причина за смрт во случај пациентот да има над 80 години и да се влоши општата состојба на пациентот.

Да потсетиме, војводата беше пуштен од болница во март, а последните денови ги помина со кралицата во замокот.

Тој беше погребан на 17 април, а неговите најблиски го испратија до вечното почивалиште.

Погребот на војводата од Единбург, меѓу другото, ќе остане запаметен по тоа што тој се одржа под „негова лична режија“. Покојниот принц не сакаше „помпа“ и државен погреб. Затоа, тој имал церемонијален погреб, исто како што сакал.

Кралицата се врати на своите должности по погребот.

Поврзани содржини